Осоговско овчо сирење
Произведено од пастеризирано овчо млеко со ферментација во посебно контролирани услови најмалку три месеци. Полномасно, со не многу јак мирис. Се користи за салати, ордевери и други национални јадења. Со препознатлива арома и посебен вкус претставува млечен производ во кој уживаат и најголемите гурмани.